Кикбоксерот и ММА борец Тоше Цветков излезе со апел за помош на настраданите од невремето и поплавите во Скопје и скопско.
„До сите боксери, кик боксери, ММА борци, боди билдери, спортисти и сите оние што сакат да помогнат за настраданите од поплавите во сабота на 13 август 12 часот на плоштадот „Македонија“, кај споменикот на „Александар Македонски“ ќе најдеме соодветно место да изведеме дел од боречките вештини за да собереме парични средства, облека, вода… Било што што ќе им се помогне на настраданите, а потоа со организиран превоз ќе се однесат до местата на настраданите. На сите ни е тешко во животот, но на нив и е најтешко во моментов. Акцијава нема никаква политичка позадина, чисто спорстки, духовно, организирано од моја страна. Ви благодарам. Ќе ве чекам во голем број да помогненете“, вели во апелот Цветков.
Ipon.mk/В.Д.