КБФМ(Кик боксинг федерацијата на Македонија, во соработка со Кик боксинг клубот Гладијатор од Штип, го организираат државното првенство во Штип.
Штипјани подолго време не следеле кик бокс натпревари, дури од 2000/2001 година. Ова е прилика на штипјани да ги видат нашите најдобри кик боксери како: Мики Ивановски, Димитар Георгиев, Стојанче Цветковски, Александар Димовски, Бобан Илиовски, Хадис Рамадани и другите. Ивановски е носител на бронзениот медал од Европското првенство во Билабао, Шпанија, и најдобар натпреварувач на Меморијалниот турнир „Љупчо Неделковски“, што неодамна се одржа во Виница; Димитар Георгиев е двократен светстки правак, а Илиовски и Рамадани се носители на бронзени медали од ЕП во Римини, Италија, во јуниорска конкуренција.
Првенството ќе се одржи во сабота со почеток од 12 часот Спортскиот центар „Јордан Мијалков“.
ipon.mk/В.Д.