Кикбоксерите по успехот на „Бихаќ опен 2015“ на прием во АСМ!

Kikbokserite vo asm 2

По успехот на Европскиот куп „Бихаќ опен 2015“, каде што беа освоени 15 медали (4 златни, 5 сребрени 6 бронзени), претставниците на Кик бокс федерацијата на Македонија, Александра Неделковска – претседател, Димче Кичевски и Александар Стојковски-тренери,  и дел од кикбоксерите беа примени во Агенцијата за млади и спорт од директорот Марјан Спасески.

Kikbokserite vo ASM
Успехот беше остварен во конкуренција на 473 натпреварувачи од шест држави. Македонија ја претставуваа млади, но искусни и перспективни кикбоксери, кои со освоените медали докажаа дека ги следат стапките на своите постари колеги.
Златните медали освоија Викторија Варадинова, Божидар Јанков, Бобан Илиоски и Александар Николовски.
Директорот Спасески им честиташе за постигнатите резултати на младите кикбоксери, при што се информираше за следните чекори и претстојните настапи на македонските натпреварувачи на големите континентални средби.

Kikbokserite vo ASM 3

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON