Кикбоксерите освоија 53 медали првиот ден на Балкан бест фајтерс

Македонските кикбоксери првиот ден на Меѓународниот турнир Балкан бест фајтерс во Јагодина, Србија, освоија 53 медали – 15 златни, 19 сребрени и 19 бронзени.

Според бројот на освоени медали, Македонија е на второто место, пред нас е само Србија со 59 одличја (25-22, 12), додека на третото место е Молдавија со 8 (4-3-1).

Македонија настапува со 191 кикбоксер, а има 211 натпреварувачки влезови.

На турнирот настапуваат 472 учесници со 506 натпреварувачи влезови од 60 клубови од Балканот: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Словенија, Бугарија, Молдавија и Словачка.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON