Кикбоксерите ги добија противниците на ЕП, имаме адути за медали

Mакедонските кикбоксери ги добија противниците на Европското сениорско првенство ВАКО во Анталија, Турција, што ќе се одржува од 11 до 21 ноември.

Викторија Варадинова и Роберт Костовски имаат добра стартна позиција, како и Митко Ашкилов, борбите ги почнуваат од четвртфинале и со победа обезбедуваат најмалку бронзен медал. На останатите ќе им треба една победа повеќе.

Секако, во нашиот состав имаме квалитетни кикбоксери и за најсјајниот медал, златниот. Борбите почнуваат утре, а од нашите репрезентативци ќе настапат Марко Тодоров, Стефан Михајловски и Марко Горневски.

На ЕП настапуваат 850 кикбоксери со 980 натпреварувачи влезови од 39 држави.

Европско првенство:

Лоу кик
-67 кг
Роберт Костовски – Бохдан Скитник (Украина)/ Алесандро Капуто (Италија) ¼ финале
-86 кг
Бобан Илиовски – Мартин Лоренц (Чешка)

Кик лајт
-65 кг
Викторија Варадинова – Иларија ди Цинито (Италија) ¼ финале
-69 кг
Марко Горневски – Славомир Малик (Полска)
-94 кг
Мите Ашкилов – Селман Јуџел (Турција)
+94 кг
Стефан Михајловски – Аласгар Бахишов (Азербејџан)

K-1
-67 кг
Марко Тодоров – Алексис Сотрон (Франција)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО