Кик боксот е на чекор од учество на Игрите во Лос Анџелес во 2028 година

По децении напорна работа и посветеност кик боксот на САД е прифатен како Признаена спортска организација (РСО) од страна на Американскиот олимписки комитет (АОК). Ова е уште еден позитивен чекор за влез на боречките спортови во програмата на Игрите во Лос Анџелес пред 2028 година.

Американскиот олимписки комитет (АОК) официјално прифати пет спортски организации за членки. Тоа се кик-бокс, мај тај, крикет, лакрос и навивање-маржоретки. Статусот на новопримените членови стапува во сила веднаш.

„Благодарам на претседателот на кик боксот на САД, Роб Збилски, на ВАКО ИФ и на целиот тим за кикбокс на САД за нивната помош да се случи ова и што вложија безброј часови работа за да го добиеме ова прифаќање“.

Ова е голема вест за кик бокс спортот, кој во моментов го следи Меѓународниот олимписки комитет.

До денес, 131 земја-членка на Меѓународната кик-бокс федерација ВАКО се признати од нивните министерства и олимписки комитети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON