Суспендиран УФЦ-борец затоа што учествувал во местење борба

Борецот во мува категорија на УФЦ, Џеф Молина, е суспендиран од ММА поради сомнение дека учествувал во местење натпревар, соопшти ММАФајтинг.

Заменик-јавниот обвинител на Невада, Џоел Бекер, вели дека има докази дека Џеф Молина бил вмешан во криминална шема во која бил вклучен тренерот Џејмс Краузе. Краузе претходно беше обвинет за местење ММА борби.

Неколку американски владини агенции моментално го истражуваат случајот со местење натпревари на УФЦ. Конкретно, постои сомнеж во врска со договорената борба во ноември меѓу Ноерданбек Шајлан (39-10) и Дарик Мајнер (26-14) на УФЦ Фајт најт 214.

На неколку часа пред почетокот на борбата беа ставени облози за рана победа во првата рунда на Кинезот. Непознати лица се обложиле на голема сума. Бората меѓу Шајлан и Минер траеше нешто повеќе од една минута. Кинескиот борец победи со ТКО во првата рунда поради тоа што Минер имаше повреда.

ФБИ исто така води сопствена истрага за ова прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО