Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија се оградува од ММА настанот „Армада 14“ во Скопје

Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија ја информира јавноста дека и покрај тоа што во Статутот на КМФМ е заведена и дисциплината ММА, исто така КМФМ има организирано легитимни национслни ММА првенства, се оградува од настанот и нема никаква поврзаност со истиот што ќе се одржи на 14.9.2025 година во СЦ „Јане Сандански”.
„Настснот е од приватен карактер, кој е шоу настан во организација на федерација за бразилско џиу џицу која нема допирна точка со ММА, заедно во позадина со српска фирма. И, на истиот настан нема да учествува ниту еден член на нашата федерација, ниту, пак, некој од федерацијата. Оваа информација ја споделуваме со јавноста од причина што имаме постојани јавувања и прашања од наши поддржувачи, бидејќи постојат шпекулации за учество на наши членови и инволвираност на нашата федерација во настанот“, изјави претседателот на КМФМ Дејан Митровски-Урко.
Потсетуваме дека станува збор за ММА настанот Армада 14 кој се одржува утре во Скопје, на кој ќе нстапат и четворица натпреварувачи од Македонија.



