Дали Македонија е зрела да има лига натпревари во кик бокс?! Прашање што се почесто поставува откако нашите кикбосери остварија врвни резултати на светските и европските натпревари, а од ден на ден привразаниците на овој спорт се побројни.
Како трет факт, ништо помалку важен од другите е посетеноста на турнирите и Светското превнство што беше организирано во Скопје. Колку за информација, само на Меморијалниот турнир „Љупчо Неделковски“ во Виница имаше преку 2.000 гледачи. Од друга страна, тоа ќе го популаризра спортот, ќе им даде можност на повеќе кикбоксери да бидат вклучени во системот на натпревари и репрезентацијата ќе биде поподготвена, а селекторите ќе имаат конкретен увид во потенцијалот со кој располагаат клубовите.
-Треба да се дефинираат истражените состојби на терен, односно колку клубови имаме и тие со колку борци располагаат. Врз основа на ова треба да се унифицираат дисциплините кои ќе бидат застапени во лигата, – вели тренерот на репрезентацијата Драган Атанасов.
Тој истакнува дека веќе една година се скенира состојбата и дека работата е при крај. Атансов потенцира дека сега само треба да се унифицираат дисциплините и категориите. Отприлика, треба да бидат седум категории, најверојатно во лоу-кик.
-Ова треба да биде основата, а лигата да брои пет клуба, кои ќе се изборат за настап по претходни натпревари во региони. Тоа значи дека би имало пет региони, притоа првопласираните ќе се пласираат во „топ 5 лигата“, по што ќе се добие шампионот на Македонија. Ова не значи дека стриктно мора да биде македонска лига, туку тоа може да биде „балканска лига“, бидејќи во регионот кикбоксот е доста застапен, но и значаен фактор во распределабата на медалите на светско и европско ниво,- истакнува Атанасов.
ipon.mk/В. Д.