Кик бокс федерацијата ги враќа клубовите во своето јато, одржаа и заеднички семинар (ФОТО)

KBFM seminar site

Кик-бокс федерацијата на Македонија вчера одржа судиски и тренерски семинар со вкупно 24 претставници на клубовите.

Од страна на претседателот на КБФМ, Дејан Митровски-Урко, било побарано редовно присуство на секој претседател на кик бокс клуб, како и на двајца претставници од секоја екипа во функција на тренер и судија.

KBFM seminar proektor
Целта на семинарот е создавање на поголем број на нови судиски и тренерски кадри, поради зголемената потреба од нив. Создавањето на нови стручни лица поради тоа што е зголемен бројот на клубовите во федерацијата.
„Сето ова е резултат на апелот на новото раководство на Кик-бокс Федерацијата на Македонија и нивниот цврст став за омасовување, зближување и обединување на сите кик-бокс клубови кои функционираат во Македонија“, истакнуваат од КБФМ.

KBFM sostanok

По завршување на семинарот се одржа состанок со претседателите на клубовите на кој се разговараше за проблемите на клубовите кои се јавуваат во нивното работење, Притоа се дадоа насоки за нивно надминување, се со цел на создавање на нови натпреварувања и добивање на поголема масовност на овој спорт во нашата држава.

Сепак, главната вест е дека постарите клубови се вратија во Федерацијата со доаѓањето на Митровски за претседател. Во меѓувреме се отворија и нови клубови кои се приклучија на КБФМ. Така што сега Федерацијата брои 38 клуба, а има најави за формирање и на нови клубови.

KBFM seminar sostanok

Семинарот беше искористен ии за презентирање на новите простории на Кик-бокс Федерацијата на Македонија каде што ќе се одвиваат заедничките тренинзи на репрезентативците, како и о држување на меѓуклупските контролни борби.
Во рамките на овој простор ќе има и полигон за зголемување на силата, брзината, кондицијата и експлозивноста на натпреварувачите.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО