По седум години отсуство од рингот поранешниот балкански и медитерански шампион, јуниорски светски вицепрвак, професионален европски шампион во 2003 година, светски првак во Берлин 2006, светски вицешампион во Сараево 2005, бронзени медлист на Светските првенства во Белград и Вилах, Австраија во 2007 и 2009, Иле Ристевски се враќа во професионалните кик бокс води.
На 9 јуни настапува на Опенер фајт најт во Винтертур во Швајцарија.
Ова е големо изненадување од нашиот кик бокс ас кој 30 години се занимава со овој спорт, кој вели дека во моментов ја качува формата.
Организаторот овој меч го најавува како борба за појасот.
Која е причината за твоето враќање на рингот?
Причината за враќањето во рингот!? Па, јас и никогаш со мислите не сум ни излегол од рингот.
Кога, каде и против кого ќе биде повратничката борба?
Борбата ќе се одржи во Винтертур во Швајцарија на 9 јуни. Мојата борба е главна на вечерта и ќе се борам против Рико Рамба Џиџер.
Нема ли ризик од вкава борба, бидејќи си излезен од натпреварувачки ритам?
Ризикот е секогаш тука но јас не се замарам веќе со тоа. Имам малку време за подготовки. Треба да симнам килажа за да ги зголемам брзината и издржливоста. Но најголемата подготовка лежи во главата.
Дали ова ќе биде иединствена борба или ќе има и други?
Каков и да е исходот, јас се уште не планирам да се пензионирам од рингот, барем не во наредниве 5 години.
Освен Ристески на овој настан ги носи и неговите ученици кои ќе се борат во уводните борби во лоу кик.
Филип Сливјаноски – Рифат Бенили
Бојан Крстевски – Мајкл Фер
Шенол Осман – Берат Гулеп
Ipon.mk