Кевин Холанд со 3 скршени метакарпални коски на десната рака

Кевин Холанд ги скрши третата, четвртата и петтата метакарпална коска на десната рака. Ова го изјави менаџерот на Холанд, Орен Ходак за ЕСПН.

Повредата се случи кога Холанд му задава десно кроше на Стивен Томпсон во првата рунда. Минатиот викенд, Холанд се спротивстави на Стивен „Вондербој“ Томпсон на главниот настан на УФЦ Фајт Најт во Орландо, Флорида.

Холанд ќе посети специјалист ортопед за да закаже операција. Холанд победи во првата рунда од борбата, но Томпсон ја заврши борбата со победа со ТКО во четвртата рунда.

Раката на Холанд беше очигледно повредена и тој имаше проблеми да се одбрани и да организира ефективен напад. Неговиот тренер Боб Перез реши да не го пушти да излезе во последните пет минути.

Холанд (23-9, 1 НЦ) влезе во серија од 2 порази. Жителот на Тексас се борел 12 пати од 2020 година, најмногу од сите борци на УФЦ во тој период. Тој се бореше 7 пати меѓу мај 2020 година и април 2021 година, рекорд на УФЦ за еден период од 12 месеци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN MMA (@espnmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON