Поранешниот предизвикувач за светската титула на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Кевин Џонсон, помина низ процедурата за мерење пред неговата борба со Марк Петровски. Американскиот боксер се појави на мерењњето облечен во маица со ликот на Владимир Путин.
Џонсон и Петровски ќе се борат подоцна денеска на турнир во Москва.
Пред само неколку дена Кевин објави дека го менува своето име во Кевин Владимирович. Оваа одлука ја донел бидејќи бил голем обожавател на рускиот претседател. Џонсон гори од желба да земе руско државјанство и да живее во Русија.
Тој тврдеше дека руската храна е чиста, додека американската храна е преполна со ГМО. Кевин ги пофалува и Русинките кои биле меѓу најубавите на светот. Боксерот од САД има 59 професионални борби, од кои 36 победи, 21 пораз и 2 нерешени.
Во 2009 година, Кевин ја загуби борбата за појасот на ВБЦ од Украинецот Витали Кличко.