Кендо репрезентацијата го постигна најголемиот успех на европските првенства

Македонската кендо репрезентација досега го постигна најголемиот успех на европските првенства пласирајќи се меѓу осмуте најдобри репрезентации на Европскиот шампионат во Буве-Франција, односно е на делба од 4 до 8 место.

Резултатот е постигнат во конкуренција од 40 држави.

Македонија загуби од шампионот Франција, а славеше против Малта, Португалија и Украина.

На нашата репрезентацијата и беше доделена престижната награда за „борбен дух“.

Боите на Македонија ги бранеа: Андреј Атансовски, Игор Никовски, Менсур Бојда, Владимир Пешков, Александар Кеско и Матеј Ивановски.

Нашата репрезентација беше група со Малта и Португалија против кои славеше.

„Успехот се должи на долгорочната и макотрпна работа на целиот тим, но и на федерацијата која веруваше во капацитетот на момците и девојките дека може да се борат со најдобрите репрезентации“,  изјави Златко Кесковски, претседател на Кендо и иаидо федерацијата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON