АктуелноДруги вештиниКендо
Кендо репрезентацијата ги почнува борбите на Европското првенство во Холандија (ВИДЕО)

Македонскиот кендо тим во моментов е во Леиден, Холандија, на 33. Европско првенство во кендо на кое учествуваат 44 земји од Европа и африканската зона.
Нашата репрезентација ќе се натпреварува во индивидуално (мажи и жени) и екипно (мажи).
Во сабота е екипниот дел од шампионатот, а Македонија е во група со Казахстан и Црна Гора.
Од групата излегуваат две екипи кои продолжуваат во елиминацискиот дел.
Во составот на макеоднската репрезентацијата се: Атанасовска Ангела, Ивона Лазаровска, Андреј Александров, Олег Бичковски, Матеј Ивановски, Александар Кесковски, Владимир Пешков и Месур Бојда, додека Игор Никовски е тим менаџер и Андреј Атанасовски тренер.



