Промоторот Еди Херн објасни што стои зад одлуката на Кел Брук да оди цели две категории погоре, за да се сретне со еден од најдобрите боксери на планетата Генади Головкин.
Тие ќе си ги одмерат силите на 10 септември, а Кел Брук ќе скокне од полусредна до средна категорија, за да ги тестира своите вештини против машината од Казахстан. Според Еди Херн, храбрата одлука на Брук e инспирирано од успесите кои британскиот бокс ги бележи во денешно време.
„Британија има 14 светски шампиони во овој момент. Но кога ќе станеш светски шампион, ти само си еден од клубот. Треба да поминеш на следното ниво, за да се претвориш во суперѕвезда. Поголемиот дел од нашите боксери имаат натпревари за светската титула, тоа е стандардно, но, исто така, ги тера другите да направат нешто исклучително. Тоа е брилијантно. Никој не сака да биде само еден од 14-те светски шампиони. Мислам дека ова е една од причините поради кои Кел влегува во овој меч. Тој сака да направи нешто скадалозно“.
Еди Херн смета дека одлуката на Кел Брук да се придвижи две категории погоре, за да се бори со Головкин, надминува се што случило во последните години во британскиот бокс.
„Ова надминува сè што сме виделе во британскиот бокс во последниве години. За да бидеш голем, треба да направиш нешто големо. Не станува збор само за шампионските појаси. Кел е вистински ѕвер, но за негова несреќа, неговиот ривал исто така е ѕвер. Најголемиот ѕвер во оваа категорија“.