Кети Тејлор (21-0) успешно го положи најтешкиот испит во професионалната кариера. Ирската боксерка ја победи Порториканката Аманда Серано (42-2-1) на настанот во Медисон сквер гарден, во меч кој многумина го нарекоа најголема женска борба во историјата, по десет рунди поделени со одлука на судиите.
Непоразената Кети на тој начин го одбрани шампионскиот појас на ВБА, ВБЦ, ИБФ и ВБО во перо категорија.
Судијата Беноа Расел бодуваше во корист на Аманда (96-94), додека другите двајца Глен Фелдман (97-93) и Гвидо Кавалери (96-93) и доноа предност на шампионот.
Кети имаше одлична контрола на мечот во распродадениот Медисон пред 19.187 гледачи и со одлична тактика стигна до нов триумф кој ја прекина серијата на Аманда од 28 победи.
Во петтото коло Аманда ја раскрвави олимпијката од Лондон со силни крошеа, но Кети се држеше и го сврте мечот.
Во пресрет на натпреварот, познатиот јутјубер Џејк Пол, кој го претставуваше Порториканецот, му понуди облог на промотерот на Кети, Еди Херн и вложи милион долари во победата на Аманда.
Победата на Ирката поттикна многумина да остават коментар на социјалните мрежи, па тоа го направија Конор Мек Грегор, Џејк Пол, Рајан Гарсија…
„Кети Тејлор е најдобрата! Апсолутно неверојатен бокс! Поклонете се дами! Каква борба!“, напиша Конор Мек Грегор на Твитер, додека Џејк Пол беше многу краток:
„Ограбена“.
Katie Taylor The Greatest! ❤️🇮🇪Absolutely incredible boxing!
Take a bow ladies! What a contest! @KatieTaylor @Serranosisters @TheGarden— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) May 1, 2022
Robbed.
— Jake Paul (@jakepaul) May 1, 2022