Кеикс се преструктуира, го засилува тренерскиот и судискиот кадар

Карате клубот Кеикс се преструктуира кон создавање на врвни спортисти со врвни спортски резултати, па во овој период го зголемува тренерскиот и судискиот кадар, па така на првиот тренер во тимот му се придружуваат Самир, Александар, Субхи, Дејан, Шкондране, додека во судискиот дел ќе се профилираат Васка, Кристијан, Горјан, Азра, Антонио, Влатко и Стефан.

Од Кеикс нагласуваат дека тоа е задача која бара тимска работа и професионален пристап за Сајра , Мевлјуд, Убејд, Славе, Бериз, Јасин, Ангел, Анастасија, Арта, Јусра, Јанина, Јон, Џеврије , Фјола и другите да стигнат до врвни резултати..

Шкодране Дардишта и официјално е промовирана во еден од тренерите на клубот, но неофицијално, како доктор по Економски науки и бивша каратистка, волонтерски се користат нејзините знаења, затоа е вклучена во сите активности на клубот. Сето тоа е во функција, за да им се помогне на  спортистите кои наместо да шетаат по улици и учат лоши навики, да тренираат и се натпреваруваат и да ја афирмираат нашата држава.

„Целосно сум преокупирана и ориентирана на активностите на клубо: тренинзи, семинари и натпревари. Тоа ми причинува посебно задоволство, сакам својот придонес да го дадам таму каде што е потребно и корисно за сите нас , сакам да работам со млади луѓе – спортисти кои се искрени, позитивни и неоптоварени, секогаш подготвени да се радуваат на успесите и среќата на другите. Ова на сите нас ни дава многу позитивна енергија која во времето во кое живееме и тоа како ни е потребна . Работата на клубот сите не зближи, па нашето дружење не е само во сала и спортските терени, туку заедно прославуваме родендени, празници, веселби, очекуваме свадби и раѓања. Од ова, јасна е и нашата цел, да бидеме пример за нашето опкружување и верувам дека тоа успешно го правиме“, вели Дардишта која посочува дека во клубот се активни и успешни и нејзините деца Јон и Јанина, а планира, за некоја година, да се вклучи и Вранина, нејзиното трето дете.

Таа препорачува дружење и живеење во духот на спортските вредности, а тоа го препорачува на сите кои одговорно и здраво сакаат да ги воздигнуваат и воспитуваат своите деца .

Тренерот Елвир Куртановиќ истакнува дека во клубот, покрај Шкодране, активно работатат  со деца и Самир, Александар, Субхи и Дејан.

„Добра тренерска екипа која волонтерски, доброволно и со големо задоволство го дават најдоброто од себе за спортот. Можам да кажам дека спортот сите нас не прави, пред се, среќни и во исто време  зависни од адреналинот кој секогаш е присутен на татамито. Нашата цел е да бидеме комплетен и сериозен клуб, па затоа ќе го вклучиме и нашиот квалитетен потенцијал и во судиската организација, како Васка, Кристијан, Горјан, Азра, Антонио, Влатко и Стефан. Тие се подготвени да полагаат за судиски лиценци, а како поранешни добри натпреварувачи да судат праведно и квалитетно на најголемите карате првенства. Сајра, Мевлјуд, Убејд, Славе, Бериз, Јасин, Ангел, Анастасија, Арта, Јусра, Јанина, Јон, Џеврије, Фјола и други се натпреварувачкиот потенцијал од кој клубот очекува спортски резултати во иднина. Тренираме, веруваме, исполнуваме“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО