Кеикс освои три златни медали на „Илиџа опен“, Вероника Костовска импресивна (ФОТО)

Monika pebadrovska i veronika na Drzavno 22.11.2015

Каратистите на Кеикс од Скопје освоија три златни медала на Меѓународниот турнир „Илиџа опен“ во Сараево, Босна и Херцеговина, но и еден сребрен и четири бронзени.Veronika i Ubejd Durakovik 2016

Европската шампионка Вероника Костовска беше супериорна во јуниорска конкуренција во категоријата до 59 килограми и сосема заслужено го овсои првото место. Бенан Хоџиќ и Бериз Куртановиќ се бореа во финалето за деца родени 2003 година, во кое што Бенан беше подобар, а Кекис имаше еден-два победници. Третиот златен медал го освои Убејд Дурковиќ во кадетска конкуренција.

Бронзено медали освоија Розафа Рамадани (родени 2003 г.), Дин Машовиќ (родени 2003 г.), Сумеја Дураковиќ во јуниори и Таркан Саит во кадетска конкуренција,  кој во полуфиналето бил оштетен.

Златен медал освои и Марија Петреска од Металург.

На „Илиџа опен“ настапија 1.100 натпреварувачи од девет земји.

Keiks vo saraevo 2016

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО