Карате клубот Кеикс се враќа со два медала од Меѓународниот турнир Босна опен во Сараево, Босна и Херцеговина.
Сребрен медал за Дарин Куртановиќ, кој по три победи загуби во финалето со 1-0 , и бронза за Мерван Мемеди кој доби четири борби и со пораз пред финалето.
„Она што можам да кажам дека турнирот беше исклучително квалитетен, а ова беше само тест за нашите натпреварувачи. Во периодот што следи имаме задача да ги исправиме грешките и недостатоците изјави“, тренерот Елвир Куртановиќ.
На турнирот настапија 1332 каратисти од 8 држави, односно 111 клуба.