Дана Вајт: Нема да ја правиме Дијаз-Мек Грегор 3

Претседателот на УФЦ, Дaна Вајт, со коментар за потенцијалниот трет меч меѓу Конор Мек Грегор и Нејт Дијаз.

Шефот на УФЦ негираше дека сакал да направи таква борба. Се уште не е познато кога и дали Мек Грегор ќе се врати во октагонот. Ирецот на новогодишната ноќ најави борба, интересно во средна категорија, со Мајкл Чендлер. Борбата ќе се одржи на крајот на јуни во Лас Вегас за време на Меѓународната недела на борбите.

Тие тврдења беа демантирани од шефот на УФЦ, Дана Вајт, кој смета дека „Озлогласениот“ ќе се врати подоцна оваа година. Мек Грегор изрази и желба за трилогија со Нејт Дијаз. 35-годишниот Ирец би сакал да се соочи со Американецот во септември на УФЦ 306 во Сфера во Лас Вегас.

Двајцата се бореа двапати и си разменија по една победа. За оваа трета борба се шпекулира со години, но Дана повеќе не сака да ја гледа.

„Нејт Дијаз против Конор Мек Грегор 3 во Сфера во септември? Не, нема да ја правиме таа борба“, изјави Вајт за медиумите.

Требаше одамна да има трилогија меѓу двајцата, но, за жал, немаше. До денес, нивната средба нема никаква смисла.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО