АктуелноКик боксТурнири

КБК Шампион прогласен за најдобар клуб во ринг-дисциплините на Еврпскиот куп „Балкан опен“ во Тешањ

Кик бокс клубот Шампион под водство на тренерот Дејан Митровски – Урко на Европксиот куп „Балкан опен“ во Тешањ, Босна и Херцеговина, го освои пехарот за најдобар клуб во ринг-дисциплините со 4 медали – 3 златни и 1 сребрен.

Медалите ги освоија:

Максим Митросвки-75 кг сениори, К1
Лука Кипровски-91 кг сениори, К1
Милан Нешевски-75 кг постари јуниори, лоу кик
Кристина Спиркоска-56 кг сениори, лоу кик.

„На Сергеј Ушлинковски малку му фалеше да обезбеди медал, но прикажа извонредна борба и пожртвувсност. Многу од натпреварувачите од Шампион беа спречени да се натпреваруваат поради заздравување од стекнатите повреди на тренинзите и не зедоа учество на овој натпревар.

Како, тренер сум задоволен од успехот на моите натпреварувачи и да истакнам дека допрва следи офанзива на успеси кога сите ќе се закрепнат“, вели тренерот Митровски.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON