КБК Предатор освои 4 медали на „Софија опен“

Кик бокс клубот Предатор од Куманово на Меѓународниот турнир „Софија опен“ во Бугарија освои 4 медали – 2 сребрени и 2 бронзени.

Медалите се освоени во кик лајт, при што три се во сениорска конкуренција и еден во јуниорска.

Медалите ги освоија:
1.Андреј Благоевски -63 кг сениор сребро
2.Стефан Крстевски -84 кг сениор сребро
3.Стефан Ристовски -79 кг сениор бронза
4.Пепи Предраг Петковски -69 кг јуниор бронза

Филип Тодоровски (69 кг јуниор) и Жељко Величковски (-63 кг, постар кадет) останаа без медали, но имале одлична прва борба во нивната кариера.
„Одлично искуство, супер дружење и одлична организација од страна на организаторите Деница Миленковаод „Стар тим и Кикбокс федерацијата на Бугарија“, истакнуваат од Предатор и најавуваат учество на Софија опен на 1 март.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО