Кавадарци: Кјокушинкаи карате во хуманитарна мисија за семејство од Дреново

На 13 април во Квадарци група ученици од Основните училишта „Гоце Делчев“ и „Тоде Хаџи Тефов“ преку програмата на Црвениот крст „Промоција на хуманите вредности“ организираат хуманитарен настан – турнир во кјокушинкаи карате.

Турнирот е во соработка со сенпаи Коста Несторов Ивелиќ, а ќе се одржи во спортската сала ОУ „Гоце Делчев“ со почеток во 18 часот.
Собраните средства ќе бидат предадени на едно 6-члено семејство во село Дреново, со цел подобрување на условите за живеење во нивниот дом, за да ги задоволат основните егзистенцијални потреби.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО