Катерина Николоска се стекна со интернационална „А“ судиска лиценца во џудо. Ова е едно од највисоките судиски достигнувања на наш судија, а е и меѓу избраните и на Балканот.
Со оваа лиценца Николоска може да суди на континентални и светски првенства.
Семинарот и испитот се одржаа во Калгари, Канада, под водство на професор Даниел Ласкау (ИЏФ рефери хеад директор).