Катерина Николоска и македонското џудо денес дебитираат на ОИ во Рио (ФОТО/ВИДЕО)

katerina nad boriliste na LOI 2016
Катерина Николоска (-63 кг) денеска настапува на џудо турнирот на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 15:00 часот по македонско време и ќе се бори против Бусра Катипоглу од Турција.

Турчинката е исклучително силна противничка со успеси на меѓународната сцена.
Николоска е прв македонски џудист на олимпијадите и единствен претставник од боречките спортови. Учесник на Медитеранските и на Европските игри во Баку минатата година.

Katerina i Igor na sveceno otvoranje na LOI 2016

Нејзиниот тренер Игор Паскоски за противничката и за жребот кој е исклучително тежок за Ipon.mk изјави:

„Со претставничката на Турција не се борела до сега. Станува збор за докажан џудист, освојувач на бронзен медал од Гранд при во Ташкент 2015, сребро во Љингдао и бронза на Гранд слем во Баку 2016.

Катерина е во врвна форма и сметам дека ќе биде рамноправна и неизвесна борба! Доколку успее да го помине првиот круг, веќе во вториот ќе се сретне се носителката на еден златен и два стебрени медали од Светските првенства во изминативе 3 години, французинката Кларис Агбегнену“.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON