Катерина Михајлова најдобар судија на Европското клупско првенство во таекводно

Катерина Мијахјлова е прогласена за најдобар судија на Европското клупско првенство во таеквондо што изминатиов викенд се одржа во Солун, Грција, на кое Филип Додевски го освои златниот, а Дејан Георгиевски сребрениот медал.

Михајлова е прогласена за најдобра меѓу 50 меѓународни судии кои судеа над 1000 борби на 2000 натпреварувачи од 41 држава. Таа судеше едно финале и полуфинале во јуниорска конкуренција и две полуфинални борби во сениорска конкуренција.

Ова е убаво признание за нашата млада делителка на правдата на татамито.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО