Катерина Ацевска по епска борба не влезе во финалето на Европското првенство

Катерина Ацевска (+70 кг) долго ќе жали по епската битка за влез во финалето против Црногорката Анџела Вукчевиќ од која загуби со еден поен разлика во полуфиналето на Европското циу џицу првенство за У-16, У-18 и У-21 во Крит, Грција, во борби за У-21.

Во репасажот за бронзениот медал и влијаеше полуфиналната борба, па Германката Виола Фриче беше поуспешна. Сепак, и петтото место е успех за Ацевска.

На ЕП настапуваат 609 учесници со 642 натпреварувачки влезови од 25 држави, а Македонија настапува со пет натпреварувачи.

Резултати – Европско првенство:

У-16 борби -46 кг
Зоран Колевски – Михаил Заимакис (Грција) пораз ¼ финале

У-16 борби -66 кг
Јаким Колевски – Вестергард Соренсен (Данска) 14-0 ¼ финале
Јаким Колевски –Сотирос Георгопулос (Грција) 0-14
Репасаж за бронза
Јаким Колевски – Кимон Кристофоридис (Шведска) 0-15

У-18 борби -55 кг
Данил Николиски – Јмен Стробе (Белгија) 14-0
Данил Николиски – Николас Клецас (Грција) 0-14
Репасаж за бронза
Данил Николиски – Карвелис Анастасиос (Грција) 0-14

У-18 борби -60 кг
Станислав Грпов – Иво Филус (Послка) 0-14

У-21 борби +70 кг
Катерина Ацевска – Ели Сиркис(Израел) 14-0 ¼ финале
Катерина Ацевска – Анџела Вукчевиќ (Црна Гора) 12-13
Репасаж за бронза
Катерина Ацевска – Виола Фриче (Гернманија) – -17

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON