Катерина Ацевска го освои сребрениот медал на Меѓународниот џиу џицу турнир „Џенова опен“ во Џенова, Италија.
Ацевска во дисциплината борби над 70 килограми извојува три победи и забележа еден пораз.
Ова е добар старт на Катерина бидејќи резултатите од овој турнир се за пласман на светската ранг-листа.
Станислав Грпов немаш многу среќа, затоа што се повреди во текот на втората борба и не можеше да ги продолжи борбите, гу губеше службено. Грпов е петтопласиран.
На турнирот настапуваат 461 учесник со 508 натпреварувачи влезови од 22 држави.
Резултати „Џенова опен“:
+70 кг борби
Катерина Ацевска – Бјанка Фајхтлбауер (Австрија) 50-0
Катерина Ацевска – Алисија Јохансон (Шведска) 9-17
Катерина Ацевска – Федерика Маза (Италија) 50-0
Катерина Ацевска – Дијана Скрипнијук (Украина) 13-7
-62 кг џиу џицу (не ваза)
Станислав Грпов – Хулио-Анхел Муњоз Круз (Шпанија) 0-50
Станислав Грпов – Антонино ди Грација (Италија) 0-0 за Италија
Станислав Грпов – Амит Мајер Бурштајн (Израел) 0-50
Станислав Грпов – Витали Полиевои (Украина) 0-50