Катерина Ацевска и Кристијан Бузлаковски најдобри спортисти во Кисела Вода за 2025 година

Вечерва, во Општина Кисела Вода, за првпат се одржа манифестацијата „Спортист на годината“, посветена на најдобрите спортисти.
Мотоциклистот Христијан Бузалковски, третопласиран во генералниот пласман на Европскиот шампионат ФИМ Европа, и Катерина Ацевска, освојувачка на бронзениот медал на Светското првенство во Банког во џиу-џица, во женска конкуренција, го освоија приматот и беа прогласени за најдобри спортисти во Општина Кисела Вода за 2025 година.

Наградени спортисти, клубови и тренери: Олга Ристовска, постхумно признание за Васил Рингов, Ванчо Каранфилов, Јаков Трајковски, Ива Богдановска, Игор Зафировски, Горан Јаневиќ, КК Ангели, ЖОК Јанта волеј, Меланија Гроздановска, Никола Јаневиќ, ЖКК Бадел и ФК Кул Здравје, кои беа прогласени за најдобри во своите категории.

На изборот присуствуваше министерот за спорт Борко Ристовски.
„Паралелно со манифестацијата за избор на најдобрите, Општина Кисела Вода континуирано вложува во спортот преку: материјална поддршка за училишни спортски клубови и здруженија, организација на Купот „Св. Ѓорѓи“, парични награди за талентирани ученици-спортисти, проектот „Спортуваме – другаруваме“ за ученици со посебни потреби, шаховска лига, основање спортска академија, како и обнова и изградба на спортска инфраструктура и јакнење на спортот во училиштата.
Нашата цел е јасна: секое дете да има пристап до спорт, секој млад човек можност за развој, а секој клуб соодветни услови за работа“, рече градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Фото: Фејсбук/ Бети Стаменкоска Трајкоска



