Александар Волкановски ја одбрани светската титула (ВИДЕО)

Александар Волкановски потврди зошто е Александар Велики – тронот е за големите. Волкановски ја одбрани титулата во главната борба на УФЦ 325 во Сиднеј совладувајќи го во реваншот Диего Лопез со едогласна судиска одлука (49-46 x2, 50-45).
Волакновски одлично ја контролираше борбата во стој и задаваше директи и крошеа, посебно во контра напад. Во петтата рунда помина и на соборување и до крај го контролираше времето.
https://twitter.com/adiix_official/status/2017742455408627879
Александар Волкановски има 37 години и се натпреварува во УФЦ од 2016 година. Со овој успех, тој го подобри билансот во организацијата на 15 победи и 3 порази. Диего Лопез има 31 година, го имаше своето деби во УФЦ во 2023 година и моментално има 6 победи и 3 порази во најсилната ММА лига во светот.
Резултати – УФЦ 325:
Главна карта:
Александар Волкановски – Диего Лопес со одлука на судиите (49–46, 49–46, 50–45)
Беноа Сен Дени – Ден Хукер со технички нокаут Р2, 4:45
Маурисио Рафи – Рафаел Физиев со технички нокаут Р2, 4:30
Талисон Тешеира – Таи Туиваса со одлука на судиите (29–28, 29–28, 29–28)
Квилијан Салкилд – Џејми Муларки со завршница Р1, 3:01
Прелиминарни натпревари:
Били Елекана – Жуниор Тафа со завршница Р2, 3:18
Камерон Роустон – Коди Брандејџ со технички нокаут Р2, 4:08
Џејкоб Малкун – Торез Фини со одлука на судиите (30–27, 30–26, 30–26)
Џонатан Микалеф – Обан Елиот со завршница Р2, 3:31
Каан Офли – Јижа со одлука (29–28, 28–28, 29–28)
Дом Мар Фан – Ким Сангвук со одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Кеичиро Накамура – Себастијан Салај со ТКО Р3, 3:48
Лоренс Луи – Сулангрангбо со одлука (29-28 x2, 28-29)



