Катерина Ацевска е вицешампион на Европа

Катерина Ацевска е вицешампион на на Европа.

На ЕП е во Питешти, Романија, Ацевска во У-21 загуби од Германката Лота Сандер 0-50.

Таа и во групната фаза загуби од оваа противничка, но беше подобра од Дијана Скрипнуик (Украина) по што обезбеди пласман во полуфиналето, каде што ја совлада Французинката Жаде Сеел. Ацевска е и одлична џудистка, за што доказ е и неодамнешното петто место од младинското ЕП во овој спорт.

Нашите останати членови Јаким Колевски, Антонио Стојчески и Данил Николиски и покрај храбрите и одлични борби не успеаа да дојдат до еден од медалите. Со оглед на сериозноста на турнирот собраа многу искуство што носи едно вакво Европско првенство.

На ЕП учествуваат 1041 спортист со 1109 натпреварувачки влезови од 29 држави.

Боите на Македонија ги бранеа:

У21 +70

Катерина Ацевска – Дијана Скрипниук (Украина) 50-0
Катерина Ацевска – Лота Сандер (Греманија) 0-50

Катерина Ацевска – Жаде Сеел (Франција) 0-50
Финале
Катерина Ацевска – Лота Сандер (Греманија) 0-50

Јаким Колевски У18 -69
Антонио Стојчески У18 -69
Данил Николиски У18 -56

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО