АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ
Катерина Ацевска е осма на светската ранг-листа за сениори во џиу џицу

Катерина Ацевска во новата објава на светска ранг-листа на Светската џиу џицу федерација е на осмото место во сениорска конкуренција.
Ацевска пред една недела го освои петтото место на Европското првенство за сениори во Беверен, Белгија. Беше блиску до медал, но не можеше да се бори и со судиите.
„Во предвид не се земени бодовите од Европското првенство во Белгија. До крајов на годинава очекуваме да биде на седмото место. Посочуваме дека во моментов е најмлад борец во својата категорија“, велат од Македонската џиу џицу федерација.

Пласманот на другите наши натпреварувачи на ранг-листата е:
Антонио Стојчески – 14-ти
Данил Николиски – 20
Зоран Колевски -22
Марија Треневска -28



