Катерина Ацевска не претставува на Европско џиу џицу првенство за сениори во Загреб

Катереина Ацевска ќе не претставува на Европско џиу џицу првенство за сениори во Загреб, Хрватска, кое почнува денес и трае до недела.

На ЕП учествуваат 361 натпреварувач од 28 држави.

Катерина е најмлада во својата категорија со 19 години и излегува на борби со далеку постари борци. Најстарата во нејзината категорија има 35 години.

Во првата борба ќе ги одмери силите со Германка која е 3-та на светска ранг-листа, а втора борба е со Хрватка, 2-ра на ранг листа, и е слободна во првото коло.

Катерина оваа година на Европското првенство во Франција за јуниори и У-21 ги освои 3-тото место и бронзениот медал.

„И следната година, цела 2024-та Катерина е јуниор. Повторно ќе се бори и во јуниорска и во сениорска конкуренција. Ова Европско првенство е одлична можност за стекнување на големо искуство преку борби со далеку постари и поискусни борци“, вели селекторот и нејзин тренер Александар Ацевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON