Каталин Моросану дебитира во Глори во САД

katalin-morosanu

Глори на 24 февруари идната година ќе се врати во Чикаго.

На нивниот трет настан во Чикаго за организацијата ќе дебитира романскиот тешкаш Каталин Моросану.

32-годишниот „Смрт од Карпатите“ ќе се бори против Чи Луис-Пери. Британецот има 4 победи и 1 пораз во Глори.

Моросану беше поразен во сите три меча оваа година. Загуби Даниел Сем, Забит Самедов и Ондреј Хутник.

Во главната борба Глори 38 по трет пат ќе се борат Артем Вахитов и Сауло Кавалари.

Во нивната прва борба во Дубаи, во април минатата година, Кавалари победи со поделена одлука на судиите по три рунди, а во реваншот во Париз во март Русинот славеше со едногласна одлука на судиите по пет рунди и ја освои шампионската титула во полутешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON