Ката тимот во финалето на Премиер лигата, Заборска ја завери визата за Светското првенство

Kata tim poziranje

Репрезентативниот ката тим на Ронин од Прилеп е во финалето на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул, Турција.

Пуликсенија Јованоска, Маријана и Мишела Димоски за влез финалето ја совладаа вторта екипа на Турција со 5-0. За златниот медал ќе се бори со првиот турски ката тим.

Zlatko i devojkite vo Istanbul septemvri 2016

Во поединечна конкуренција Мишела имаше две победи и еден пораз, како и Пуликсенија, Маријана Димоска и Киријана Камческа беа со скор 1-1. Ферри Исиќ имаше 1-1 во машка конкуренција во кати.

Simona Zaborska Lasko 2016

Симона Заборска(-55 кг) имаше добар настап и стигна до полуфиналето каде што беше поразена од Вен Цу Јун од Тајпех. За Заборска е значјно тоа што успеа да извојува три победи и да обезбеди услов за настап на Светското првенство во Линц, Австрија.

Таа ги совлада Илаха Гасимова од Азербејџан, Марија Матракоска од Ронин и Зухрија Мешенес од Грузија. Во репасажот во борбата за бронзениот медал беше поразена од Турчинката Талја Пекмезоглу.

Шанса за медал имаше во дебитансткиот настап и Моника Пендароска која во првата борба во репасажот загуби од Арзу Зејбклер, а до медалот и требаше уште една борба. Претходно имаше две победи против натпреварувачки од Турција со 7-2 и 4-4 со и зјаснување, а потоа загуби 8-0 од Турчинаката Бусра Тосун.

Сепак, ова е одличен настап за јуниорката Пендароска.

Наташа Стефановска (-61 кг) и Сара Крстевска беа поразени во првото коло. Но, Сара доби шанса во репасажо да се бори за бронзениот медал, при што извојува една победа и еден пораз, а за медалот и требаа вкупно три победи. И за Сара ова е добаре настап.

За жал, Емил Павлов (-60 кг) забележа една победа, а потоа беше поразен. Младиот Давид Петков од Металург имаше дев победи и еден пораз, а Горан Николовски имаше биланс 1-1.

Во категоријата до 67 килограми Стефан Апостоловски забележа две победи и пораз, а Ико Ташов и Ненад Келебиќ беа празени во првите борби.

Како што рековме во претходниот текст Петар Заборски (-75 кг) беше пред сензационална победа против големиот Рафаел Агаев за бронзениот медал. Иво Цветковски имаше две победи и пораз, а во репасажот загуби токму од Заборски. Додека Стефан Костиќ доби шанса во репасажот но загуби во првата борба, а претходно имаше скор 1-1. И Азиз Исмаил е со 1-1 учинок, додека Енес Смаилагиќ, Мурсел Мисини и Тодор Ристески загубија во првите борби.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО