Ката тим – жени: Светски шампиони во шотокан (ФОТО)

Златен медал за македонскиот женски ката-тим на Светското шотокан првенство на Светската штококан федерација (ВСФ) во Варна, Бугарија.

Сениорскиот тим на Шотокан академијата – Македонија (Николина М, Ања Ангеловска и Јована Стојковска) го зголеми бројот на освоени медали на стилското свестко првенство на четири медали и тоа со најсјајниот медал – златниот.

Селекторот на Штокан акдемија Македонија, Живко Тасевски, е задоволен од учинокот на ката тимот, но жали што Нина Ѓорѓевиќ беше дисквалификувана, а која важеше за фаворит во кати во поединечна конкуренција.

„Нина Ѓорѓевиќ беше дисквалификувана поради еден поклон, бидејќи беше очигледно дека е најдобра на тоа борилиштете. Тоа не им одговараше па.уште во првото коло ја елиминираа. Наше е да продолжиме да вежбаме и да се докажеме повторно на наредното.Светско шотокан првенатво во ВСФ“, вели Тасевски.

Да потсетиме дека машкиот кадетски тим го освои сребрениот, а Андреј Анастасов (8-9 год.) и Матео Причков (кадети) бронзените медали за Македонија на СП во Варна.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON