Дрим е најдобра странска екипа со 4 медали на „Гладијатор опен 2017“ Пловдив (ФОТО)

Џудо клубот Дрим од Струга освои четири медали – 1 сребрен и 3 бронзени на Меѓународниот турнир „Гладијатор опен 2017“ во Пловдив, Бугарија.

Дрим настапи со четири натпреварувачи и освои 4 медали и пехар за најдобра странска екипа во конкуренција на полетарци.

Медали освоија: Анамарија Стојмиловска – сребрен, Александар Шулески, Доријан Петкоски и Вилијан Павловиќ – бронзи.

„Горд сум на моите џудисти за освоените медали и пехарот. Браво дечки, вие ми давате мотив за работа“, изјави тренерот Ѓорги Стојанов!

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО