Поранешниот предизвикувач за светската титула Карлос Такам го победи Џери Форест со едногласна одлука на судиите. Камерунецот ја наметна својата тактика во десетте рунди за конечни 96-94, 98-92 и 97-93.
Мечот за тешка категорија беше главен за гала вечерта во МГМ Гранд, Лас Вегас, Невада. Таа беше особено емотивна затоа што таткото на Такам почина пред една недела.
„Татко ми почина пред една недела и срцето ми е ладно во моментов … Можеби не сум забележал импресивен нокаут, но дојдовме за победа и ја добивме“, рече Карлос.
Такам демонстрира подобра физичка подготовеност по паузата предизвикана од глобалната пандемија.
Африканецот диктираше добро темпо од почетокот, а претставникот на домаќините изненадувањето со ризик го бараше дури по седмата рунда. Двајцата се судирја со главата, но повеќе настрада Такам.
Through 5 Rounds:
57 landed for @carlos_takam
26 landed for @JerryForrestKO @CompuBox #TakamForrest pic.twitter.com/Q9My1j5YcC— Star Boxing (@StarBoxing) July 10, 2020
Поразениот од Ентони Џошуа во 2017 година ги стисна и машки ги заврши последните две рунди во чест на неговиот татко.
https://twitter.com/AlanDawsonSport/status/1281523372149690368?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1281523709245890566%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D852184
Победата е број 39 за Карлос Такам, кој има уште 5 порази и едно реми на својата сметка.
Американецот Џери Форест е со поголема статистика од 26-4 (20 нокаути).