Карлос Кондит ја забележа првата победа по пет години

Ветераните Карлос Кондит и Корт МекГи се бореа на УФЦ на ЕСПН 16 во Абу Даби. Имаше голем притисок врз поранешниот шампион во полутешка категорија кој не победил 5 години и беше во серија од 5 последователни порази. Двајцата водеаа тешка битка во која Кондит зададе повеќе тешки удари, а на крајот славеше Карлос со одлука на судиите.

Кондит беше поагресивниот борец, а на крајот од првата рунда пласираше моќен директ во главата на Мек Ги испраќајќи го на подот и очигледно кршејќи му го носот. Во следните две рунди Карлос ја имаше предноста, а МекГи се обиде да одолее, но не успеа.

Нивната битка дојде до одлука на судиите која беше едногласно во корист на Кондит – (30-27, 30-27, 30-27). Со оваа победа Кондит ја прекина серијата од пет последователни порази и победи за прв пат од мај 2015 година. Карлос победи на само 3 од последните 11 ММА борби. МекГи, пак, влезе во серија од 3 последователни порази и победи само во 1 од последните 6 ММА борби.

https://www.instagram.com/p/CF58N3GpStp/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО