Карл Фроч верува дека Џојс може да го победи Жанг во реваншот

Свое мислење за претстојниот реванш меѓу Жилеј Жанг и Џо Џојс даде поранешниот светски шампион во бокс Карл Фроч.

Двајцата тешкаши ќе се сретнат повторно во рингот на 23 септември на големиот боксерски настан во Вембли арената во Лондон, а Кинезoт ќе го бранi привремениот шампионски појас на ВБО.

Жанг во реваншот против Џојс влегува полн со самодоверба, по целосно доминантната победа над Британецот во април, кога мечот беше прекинат во шестата рунда.

А Фроч на својот канал на Јутјуб истакна дека Џојс може да ги направи потребните чекори за да го надмине Жанг и да се одмазди за поразот пред неколку месеци.

„За мене Џо Џојс е голем борец. Тој не користи трикови. Не е толку умешен, но добар е во тоа што го прави. Има одлична боксерска техника, и е во добра форма, силен е и секогаш сака да се бори. И на првиот меч против Жанг беше добар додека противникот не му го затвори окото со силен удар“, изјави Карл Фроч и продолжи:

„Ако Џојс малку повеќе боксира и се движи подобро, што не го прави секогаш, може да победи. Ако го направи сето тоа како што треба, и успее да ги избегне тешките удари на Жанг, мислам дека ќе победи. Жанг е стар, но Џојс веќе не е толку млад. Ќе биде тесна борба, но Џојс треба да го победи Жанг“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON