Карл Фроч повикува да се стави возрасна граница во професионалниот бокс

Roj dzons nokutiran

Поранешниот светски шампион во супер средна категорија, Карл Фроч, повика на возрасен лимит во боксот. Вниманието за ова му го привлече бруталниот нокаут на Енцо Макаринели над американската легенда Рој Џонс во декември. 46-годишниот ветеран изгледаше многу лошо, откако беше ничкосан.

„Беше ужасно за гледање. Ако бев на местото на Макаринели, немаше да ја прифатам оваа средба. Требаше да ја откажат. Бокс е борба во која можеш да се повредиш. Ако не си 100 проценти и не си способен адекватно да се заштитиш, тогаш не треба да се бориш. Во боксот треба да се проценуваат ризикот и она што можеш да го добиеш. Треба  да се замислат луѓето и да стават лимит во професионалниот бокс. Нема како на 47 да си во најдобра форма“, коментира Фроч.

https://youtu.be/RQ976vk5R9U

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON