Поранешниот шампион во бокс во супер средна категорија, Карк Фроч вчера најави завршување на професионална кариера. Тоа почна професионлани борби во 2002 година, а во 2008 година стана шампион .
„Горд сум на она што го постигнав во боксот, но сега е вистинското време да ги закачам ракавиците на ѕид. Немам што повеќе да докажам, а постигнатото зборува само за себе“.
Последната борба на Фроч беше минатата година во мај во Лондон. Тогаш, со нокаут во 8-та рунда, тој го победи Џорџ Гровс. Фроч сега целосно ќе се посвети на работата како коментатор во спортскиот канал Скај спортс.