Карелин откри како психички се подготвувал за натпревар (ВИДЕО)

Некои велат дека во спортот 90 отсто од тренинзите пред натпревар се ментални. Ако е така, тогаш големиот Александар Карелин сигурно знае како да се подготви психички пред натпревар.

Роден на 19 септември 1967 година во Новосибирск, борецот се смета за херој на Руската Федерација поради големите успеси што ги постигна за својата земја. Машината за фрлање освои три златни и еден сребрен олимписки медал на четири последователни Олимписки игри.

Еве што вели мајсторот на грчко-римски стил во борење дека се справува со психолошките „препреки“ на кои секој спортист наидува на патот:

„Кога ќе стапнете на душекот, не треба да размислувате каков впечаток оставате и каков ефект имате врз другите. Треба само да размислите како да го контролирате противникот и резултатот. Пред натпреварот размислувам за моето загревање и мојата подготовка. Ако не се чувствувам подготвен, размислувам како да го надоместам тоа. Се фокусирам на мојата подготовка, а не на моите противници. Кога ќе почне натпреварот нема простор за размислување, мора да ги правите работите автоматски. Колку сте поподготвени, толку помалку размислувате за други работи на душекот. Омилен дел од натпреварот ми е кога сфаќам дека доминирам со противникот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО