Караванот на македонските кикбоксери продолжува со полна пареа на Европскиот куп „Балкан опен“ во Тешањ

Од денес до недела македонските кик бокс клубови ќе настапат на Европскиот кик бокс куп ВАКО 19. Балкан опен 2025” кој ќе се одржи 24-26 октомври во Тешањ, Босна и Херцеговина.
Нашата земја ќе настапи со 23 натпреварувачи во 26 натпреварувачки влезови од 8 македонски кик бокс клубови. Тимовите ќе ги предводи тренерската екипа составена од 9 тренери. На овој традиционален 19-ти по ред Европски куп учество ќе земат 363 натпреварувачи со 425 влезови од 78 клуб од 12 држави.
„И покрај финансиските потешкотии одиме на нов меѓународен мегдан. Нашите кикбоксери се подготвени и затоа ништо неможе да не спречи во моментов. Трошоците и за овој куп паѓаат повторно на наш грб и повторно без помош од нашето Министерство за спорт.
Очекувам добри борби и секако ќе атакуваме на повеќе медали. Им посакувам среќа и успех на сите натпреварувачи и борби без повреди“, изјави Дејан Митровски – Урко, претседател на Кик бокс маитаи федерација на Македонија.



