Кој вели дека каратисти и кикбоксери не може да тренираат заедно! Токму тоа го направија репрезентативците Петар Заборски и Милан Кубин, како подготовка на Заборски за останатите кола на Карате 1 Премиер лигата во Шпанија и во Дубаи.
Кубин му спарингува на Заборски, а ништо не е случајно, Милан првите чекори ги направи во каратето и тренираше под надзор на легендата на македонското карате Димче Кичевски.
Женскиот тим на Макпетрол се подготвува за двете кола на Премиер лигата во Шпанија од 9 до 11 февруари во Гвадалахара и во Дубаи од 16-18 февруари.
Се бара нова шанса за докажување и по сигурно влегување во битката за обезбедување на норма за Олимписките игри во Токио 2020 година.
Ipon.mk