Каратистите во Дојран ја темпираат формата за Европското првенство

karate reprezentacija podgotovi EP 2016

Сениорската карате репрезентација од вчера ги почна подготовките за Европското првенство во Монпелје, Франција, од 5 до 8 мај.

Завршните подготовки се ќе одржат во хотелот и спортскиот центар „Истатов“ во Дојран.

„На подготовките се присутни патниците за Европското првенство: Емил Павлов, Ненад Келебиќ, Енес Смајлагиќ, Берат Јакупи, Жарко Арсовски, Мартин Несторовски, Тодор Ристески, Иво Цветковски, Сашко Патраклиев, Сара Радичевска, Симона Заборска, сестрите Наташа и Моника Стефановски и Драгана Тодорова.На подготовките најмногу ќе се работи на тактичкиот дел и темпирање на формата за самото првенство“, изјави тренерот на репрезентацијата Петар Белистојаноски.

Несторовски, Цветковски и Патраклиев ќе настапат во екипниот дел. Подготовките на женскиот ката тим (Пуликсенија Јовановска, Маријана и Мишела Димоски) ќе се одвиваат во Прилеп, а Ферри Исиќ ќе се подготвува во Скопје со Мартин Ристовски и Глигор Станоев.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО