Каратистите утре ги почнуваат натпреварите на ЕП – познати се нивните противници

Каратистите утре ги почнуваат натреварите на Европското првенство во Тбилиси, Грузија, кое ќе трае до 11 февруари.

Македонија настапува со 28 каратисти кои на денешното жребување ги добија противниците.

Се надеваме дека и на ова ЕП ќе продолжи традицијата на освојување медали. Во репрезентацијата има потенцијал за врвот на Европа.

На ЕП ќе натсапат 1160 каратисти со 1127 натпреварувачки влезовиод 49 држави.

Македонските каратисти се носители на повеќе медали во оваа конкуренција во минатото. На ланското ЕП во Ларнака (Кипар), меѓу 1136 каратисти од 41 држава, бронзени медали освоија постарите јуниори во борби Витомир Трајковски (категорија до 84 кг) и Стефан Стојановиќ (над 84 кг). На ЕП 2022, пак, во Прага (Чешка), бронзен медал освои јуниорот Љупчо Михајлов (до 68 кг)…

Европско првенство за кадети, јуниори и У-21 – Тбилиси, Грузија:

Кадети
Ката
Блерина Зендели – Хана Дурановиќ (БиХ)
Нуредин Дервиши – Адам Раузер (Чешка)

Жени
-54 кг Душица Бреслиева – Софија Чатзиојану (Грција)

Мажи
-52 кг Јован Враклевски – Максим Виечканов (Украина)
-57 кг Дарин Куртановиќ – Кајус Варанкинас (Литванија)
-70 кг Адријан Симоновски – Гор Аракелјан (Ерменија)
+70 кг Лука Бацковиќ – Гла Оцко (Словенија)

Јуниори
Жени
-48 кг Сара Дука – Алијаксандра Маскалиова (Неутрална)
-53 кг Абази Алдина – Една Курбеговиќ (Словенија)
-59 кг Марија Бунтевска – Карла Бохнхоф (Данска)
-66 кг Мируше Речи – Џесе Бетс (Англија)

Мажи
-55 кг Бесрат Мемети – Томас Ернвеин (Франција)
-68 кг Вукашин Јовановиќ – Илја Фомкинс (Латвија)
-76 кг Реџеп Рушити – Артиол Шаќири (Косово)
+76 кг Незир Незири – Ерен Темизел (Турција)

Ката
Данка Стојкова – Ширли Џеј (Германија)
Марко Поптодоров – Николас Алкесандру Моди (Романија)

У-21
Ката
Јована Манчевска – Марија Херез Сан Фарнциско (Шпанија)

Жени
-50 кг Гента Села – Миерија Визуете (Шпанија)
-55 кг Рудина Алиу – Иман Еја (Белгија)
-61 кг Јована Мицовска – Ирене Мартурано (Италија)
-68 кг Ера Коџа – Кристине Николајенко (Латвија)
+68 кг Ердона Зибери – Ана Мотало (Украина)

Мажи
-60 кг Недим Шаќири – Мухамед Оездемир (Германија)
-67 кг Или Билали – Самуел Џош Рамос (Исланд)
-75 кг Љупче Михајлов – Херохи Пицул (Украина)
-84 кг Витомир Трајковски – Давиде Лучијани (Италија)
+84 Стефан Стојановиќ – Јачим Тинавски (Чешка)/ Иван Куѕинау (Неутрален)

Фото: КФМ

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО