Каратистите со илинденски подарок: Финале за машкиот кумите тим, бронза за женскиот на Европските универзитетски игри (ФОТО)

Машкиот студенстки карате кумите тим на Македонија се пласира во финалето на Европските универзитетски игри за боречки спортови во Загреб, Хрватска. Против екипата на Украина ќе се бори за шампионската титула. Женскиот тим го освои бронзениот медал.

Репрезентацијата во состав Петар Заборски, Петар Спасеновски, Роберто Ацковски, Давид Петков и Горан Николовски најпрво ја совлада репрезентацијата на Романија, па Турција и полфиналето Словачка. Финалето е во сабота.

Ангела Мојсовска, Симона Заборска и Моника Пендаровска имаа добар настап, но за финалето ќе жалат, бидејќи судиите ја оштетија нашата репрезентација, оти мечот заврши нерешено, а на изјаснување и дадо победа на Австрија (0-0, 0-0 и 1-1). Заборска се покажа како одличен капитен и ги доби сите одлучувачки борби. Сара Радичевска беше поштедена за саботното финале. Сите девојќи максимално се бореле и просто гинеле на татамито.

Да потсетиме дека денска и Сара Радичевска (-50 кг) се избори за финале и борба за златниот медал во сабота.

Резултати

мажи кумите
Македонија – Романија 5-3
Македонија – Турција 2-1
полуфинале
Македонија – Словачка 2-1
финале
Македонија – Украина

жени кумите

Македонија – Романија 10-1
Македонија – Босна и Херцеговина 8-7
полуфинале
Македонија – Авсатрија 1-1 (0-1)
За бронза
Македонија – Италија 2-0

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON