Каратистите на Макпетрол освоија најмногу златни медали на „Купот на Македонија“

Викендов се одржа изборниот карате турнир „Куп на Макеоднија”, предвиден за селектирање на репрезентацијата која ќе учествува на претстојното Светско првенство во Турција, а младинскиот тим на карате клубот Макпетрол освои најмногу медали.

Макпетрол освои 6 златни и 1 сребрен медал за највисока позиција на табелата, додека зад него останаа Олимпик спорт 2007 со 5 златни, 1 сребрен и 2 бронзени медали, како и Штип со 4 златни, 1 сребрен и 3 бронзени медали.

Медалите за најуспешниот тим Макпетрол ги освоија:

1. Марија Петровска златен медал -55 кг , за постари јуниорки (У21)
2. Викторија Јовановска, златен медал – 61 кг, за постари јуниорки (У21)
3. Стефан Стојановиќ , златен медал – 84 кг , за постари јуниори (У21)
4. Витомир Трајковски златен медал -84 кг , за постари јуниори (У21)
5. Јована Мицовска златен медал – 59 кг за јуниорки
6. Данило Божовиќ, златен медал +76 кг, за јуниори
7. Димитар Лозановски, сребрен медал -76 кг , за јуниори

„Овој турнир во нашата периодизација за младите спортисти имаше многу значајно место , бидејќи овој КУП имаше пред се изборен и со критериумски карактер за влез во националната младинска репрезентација на Р. С. Македонија.

Задоволен сум во целост од прикажаните борби и мотивираноста која ја покажаа нашите натпреварувачи на овој важен натпревар. За грешки немаше простор и затоа тие мораа да бидат максимално сконцентрирани, мотивирани и навремено да реагираат во сите ситуации и натпревари. За да бидат дел од националната селекција тие требаше да ги победат сите свои конкуренти и да го освојат златниот медал. По завршување на натпреварот можеме да кажеме дека процената и планот за успешност во целост е остварен и затоа можеме да бидеме многу задоволни.

На светското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори од нашиот клуб ќе имаме 6 (шест), спортисти, односно сите тие кои се првопласирани и освоија златен медал на овој натпревар во своите тежински категории. Сега на нас останува во преостанатиот временски период до заминување на светското првенство, што подобро да ги подготвиме, и да очекуваме тие да имаат добро и забележено учество на светското првенство“, изјави тренерот Бошко Заборски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON